-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 0
/
Copy pathmy-text.txt
1 lines (1 loc) · 4.16 KB
/
my-text.txt
1
Галактичката Република е во период на распаѓање, со коруптирана бирократија и уништена економија. Како знак на протест поради зголемените даноци, Трговската Федерација прави блокада од борбени вселенски бродови околу малата планета Набу. Со надеж дека ке ја разјаснат ситуацијата, врховниот канселар испраќа два Џедаи, Квај-Гон Џин, и наговиот ученик Оби-Ван Кеноби, во мисија да преговараат со Вице-кралот на Трговската Федерација, Нут Ганреј. Но тие не знаат дека Трговската Федерација е под контрола на злобниот Сит Лорд, Дарт Сидиус, кој им наредува на нив да ја нападнат планетата Набу со голема армија на борбени дроиди, и да ги убијат џедаите. Избегнувајќи ја смртта, џедаите влегуваат во мал брод, и бегаат на Набу. Таму Квај-Гон го спасува локалниот гунган, протераниот Џар Џар Бинкс од сигурна смрт. Тој, во знак на благодарство ги води џедаите во подводен град на гунганите - Орот Гунга, каде што џедаите неуспешно се обидувааат да ги натераат гунганите да се борат, и да им помогнат на луѓето на планетата Набу. Со мал брод кој гунганите им го даваат, Џар Џар и двајцата џедаи испловуваат на површинатa. Кралицата на Набу, Падме Амидала е заробена од страна на армијата на Федерацијата, но успешно е спасена и ослободена од страна на џедаите. Кралицата бега од Набу со двајцата џедаи на нејзиниаот персонален вселенски брод, кој при обидот да се помине низ федералната блокада е оштетен. Џедаите и кралицата немаат друг избор и ќе мора да застанат на пустинската планета Татуин. Квај-Гон заедно со кралицата Амидала ја истражуваат планетата и бараат резервни делови за нивниот оштетен брод. Тие се запознаваат со едно младо момче роб, Анакин Скајвокер кој веднаш се заљубува во Падме. По подолго поминато време со Анакин, Квај-Гон чуствува голема присутност на силата во него, и се сомнева дека тој можеби е „Избраниот“, кој ќе се бори со сит, и ќе донесе рамнотежа во силата. Квај гон прави опклада со сопственикот на Анакин, дека ако Анакин ја победи трката со вселенски бродови, тој ќе биде слободен, а ако некој друг ја победи трката, вселенскиот брод на кралицата ќе биде негов. Анакин успева да ја победи трката и се здружува со џедаите во нивното патување. Пред да полетаат, џедаите се нападнати од ученикот на Дарт Сидиус, - Дарт Маул кој бил испратен да ја зароби краалицата. По кратка борба со џедаите, тие успеваат да избегаат.