Skip to content

alkuzman/FASAP

Repository files navigation

FASAP

FASAP - closed group project

iИме на проектот: FASAP (Food As Soon As Possible)

Детален опис: FASAP е апликација чија примарна цел е да претставува посредник помеѓу рестораните и нивните клиенти (гости). Тоа е единствен систем којшто ги обединува потребите и барањата и на двете страни. На корисниците им се нуди преглед на рестораните според различни критериуми (во зависност од нивната локација, рејтингот, типот на ресторанот, итн.), а со изборот на некој од рестораните добива можност да ја погледне и неговата целокупна понуда. Од друга страна, менаџерите на самите ресторани имаат можност да ја следат ефикасноста на вработените (на пр. бројот на нарачки кои ги извршуваат), но и да добијат информации за работењето на ресторанот (вкупниот промет направен во одреден временски период). Оваа апликација нуди можност за работа со повеќе типови гости – оние кои се наоѓаат во самиот ресторан и пристапуваат до неговото мени локално, преку апликацијата на терминалите кои се поставени на масите, но и оние кои нарачките ги прават од оддалечена локација и се заинтересирани за достава до нивниот дом, канцеларија... Вработените во секој од рестораните имаат различни погледи во зависност од привилегиите за пристап. Келнерите, доставувачите, бармените пристапуваат до листата нарачки кои им се доделени, додека менаџерите на рестораните имаат право да ги гледаат сите податоци поврзани со вработените, можност за ажурирање на истите, како и дополнување и измена на понудата. Во нашето досегашно искуство се немаме сретнато со апликација која е толку сеопфатна како FASAP. Единствените слични решенија се имплементирани во некои авангардни ресторани и барови во Германија и во Австрија, но истите се однесуваат само на конкретниот ресторан – тие не нудат можност корисниците да направат избор помеѓу повеќе локали, ниту пак да ја направат својата нарачка онлајн. Главната предност што ја издвојува оваа апликација од останатите на пазарот е што нуди огромен број различни можности на сите вклучени страни.

Клиент: • Нарачување → online и on-site (opt.) • Филтрирање по различен критериум (пр. : локација-град; категорија-национален, италијански...) • Табеларен приказ според рејтинг • Преглед на целокупното мени за секој од рестораните • Правење нарачка + достава (за online) • Оценување

Келнер + Доставувач + Прпремач на нарачки • Преглед на нарачки Менаџер • Ажурирање на менијата • Преглед на сите информации за вработените • Преглед на работењето (вк.промет – дневен, месечен (opt.); екифасност на вработените (бр.нарачки); вк.трошоци) • Ажирирање на инфо за вработените

About

FASAP - closed group project

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

No packages published

Contributors 3

  •  
  •  
  •  

Languages